Се одиграа и се комплетираа вторите натпревари од Европскиот Куп, четвртфинале кај мажите и полуфинале кај жените.
Во четвртфиналето во машка конкуренција забележаа победи Извиѓач, Алкалоид, Партизан и Рунар Сандефјорд.
Европски Куп (мажи), четвртфинале, резултати:
Извиѓач 33-26 Хаукар
Рунар Сандефјорд 33-23 Олимпијакос
Алкалоид 32-25 Баја Маре
Партизан 30-26 АЕК Атина
Во полуфиналето во женска конкуренција победи во вторите натпревари забележаа Порињо и Валур.
Европски Куп (жени), полуфинале, резултати:
Валур 30-20 Јувента Михаловце
Кинжварт 27-30 Порињо
(фото – Рк АЕК Атина)📷