Комплетирани осминафиналните натпревари од Европскиот Куп во машка конкуренција

Викендов се одиграа и се комплетираа осминафиналните натпревари од Европскиот Куп во машка конкуренција.

Во четвртфиналето продолжуваат екипите на Ференцварош, Стеауа Букурешт, Брегенц, Баја Маре, Крка, Валур, Татран Прешов и Олимпијакос.

Европски Куп (мажи), осминафинале, резултати:

Бриксен (23-29, 25-37) Олимпијакос

Татран Прешов (30-35, 31-23) Хафнарфјордур 

Валур (27-26, 30-28) Металопластика

Слобода Тузла (15-19, 26-29) Крка

Баја Маре (36-26, 34-25) Вогошча

Кремс (26-26, 30-33) Брегенц

Стеауа Букурешт (28-27, 29-29) Карвина

Бешикташ (32-34, 36-39) Ференцварош

(фото – ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.