Пикерот Костадин Петров кој доаѓа од екипата на Металург, е нов играч на Вардар 1961 до крајот на сезоната.
Костадин Петров со екипата на Вардар 1961 потпиша договор до крајот на сезоната до јуни 2022 година. Тој доаѓа од екипата на Металург, а претходно настапуваше и за Борец Велес, Пелистер, Радовиш, Сучеава. На последното Европско првенство беше во ростерот на македонската репрезентација, но не доби шанса да настапи.
(фото-Рк Вардар 1961)📷