Костадин Петров промовиран во Тор Акурејри

Репрезентативецот на Македонија, Костадин Петров во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Костадин Петров кој настапува на позицијата пикер потпиша договор со екипата од Исланд, Тор Акурејри каде тренер е македонецот Стевче Алушовски.

Договорот помеѓу Петров и Тор Акурејри е една година со можност на продолжување на истиот договор. Петров во својата кариера настапуваше за Металург, Радовиш, Борец, Пелистер, Вардар 1961, за романската Сучеава и шпанската Гвадалахара.

(фото-Рк Тор Акурејри)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести