Екипата на Холабрун каде настапуваат двајцата македонски ракометари Никола Костески и Влатко Митков одигра нерешено кај екипата на Тирол со 28-28.
На овој натпревар Никола Костески имаше пет погодоци, додека Влатко Митков имаше десет погодоци.
Холабрун во пет кола има три победи, еден порази и едно реми, до крајот остануваат уште пет кола.
(фото-Рк Холабрун)📷