Косуке Јасухира е нов ракометар на Охрид

Екипата на Охрид, која има високи амбиции во плеј-офот од Супер лигата се засили со нов ракометар.

Станува збор за ракометарот Косуке Јасухира, кој доаѓа на позајмица во екипата на Охрид до крајот на сезоната.

Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот.

Косуке е јапонски репрезентативец и доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на Вардар пред две сезони. Игра на позицијата среден бек и има 25 години.

“Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација”, – изјави Косуке Јасухира.

(фото – ГРК Охрид)📷





Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *