Кристијан Берге повеќе не е селектор на машката сениорска репрезентација на Норвешка

Машката сениорска репрезентација на Норвешка остана без селектор откако Ракометната Федерација на Норвешка соопшти дека ја прекинува соработката со Кристијан Берге.

“Копнежот секој ден да застанам на паркетот со мојот тим е голем. Чувството во последно време е се поголемо и поголемо и мислам дека ми треба секојдневна работа за да бидам што е можно поизострен во мојата работа. Затоа, сега ја известив федерацијата на Норвешка дека дојде време повторно да станам клупски тренер,” – изјави Кристијан Берге.

Кристијан Берге кој има 48 години е селектор на ракометната машка репрезентација на Норвешка од 2014 година и со Норвешка освои две сребра на Мундијалите во 2017 и 2019 година, а пред две години на Европското првенство Норвежаните беа бронзени. 

(фото – Ракометна Федерација на Норвешка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести