Женската сениорска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Азербејџан со 37-22 и обезбеди пласман на ЕП 2024 година.
За овој натпревар своја изјава имаше и селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кристијан Грчевски.
„Многу важна победа за нас, со неа заверивме пласман на Европското првенство. Отворивме добро, имавме мал пад, но го пребродивме, сепак бевме под притисок. Девојките одиграа како што треба, тоа што се договоривме го исполнија. Им честитам на ракометарките за играта и за борбеноста, сериозно го сфатија мечот против Азербејџан, иако како противник е послаб, сите знаеме што значи ако некого потцениш. Се потрудивме сите во составот да добијат минутажа, а истовремено да заштедиме сили за Литванија. Иако оваа средба не е важна резултатски од аспект за пласман на Европското првенство, сепак би сакале да извојуваме победа на домашен терен, триумфално и во позитивна атмосфера да го затвориме овој циклус. Се надевам дека со добра ждрепка на Европското првенство можеме најмалку да ја поминеме групата, па потоа ќе размислуваме за понатаму“, – изјави селекторот Кристијан Грчевски.
(фото – РФМ)📷