Кристијан Давитковски го продолжи договорот со Бутел Скопје

Десниот бек Кристијан Давитковски го продолжи договорот со тимот на Бутел Скопје за уште две сезони.

Давитковски ја игра втората сезона во екипата на Бутел Скопје и верува дека тоа е вистинската средина за него.

“Одлучив да го продолжам договорот со Бутел Скопје. Станува збор за амбициозен клуб, одлична средина за мене, овде сум веќе две сезони и знам дека можам уште повеќе да напредувам во кариерата”, – изјави Кристијан Давитковски.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести