Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на домашен терен против екипата на Вардар во 14. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.
“Вардар во моментов е најдобра екипа во македонската Супер лига, немаат изгубено ниеден бод. Верувам дека имаме квалитет и навивачи зад нас за да дојдеме до победа против Вардар во сабота. Ќе дадеме се од себе за тоа да го оствариме”, – изјави ракометарот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷








