Младиот и талентиран десен бек Кристијан Стаменковиќ (19) е нов член на Вардар 1961. Тој потпиша четиригодишен договор со „црвено-црните“ и ќе дебитира за тимот веќе на турнирот во Струга.
Стаменковиќ настапуваше за екипата на Голден Арт, а во 2023 година беше избран за МВП на Ф4 турнирот во младинска конкуренција.
Во Вардар 1961 ќе има шанса за напредување и секако ќе конкурира за настап и во европските натпревари на „црвено-црните“.

(фото – Рк Вардар 1961)📷