Претстојниот викенд се играат четвртфиналните средби од Купот на Македонија. Во рамки на групата 1, Охрид во Скопје се среќава со Вардар. Победникот ќе вкрсти со подобриот од дуелот помеѓу Јуниор Кисела Вода и Скопје 2020.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Крсте Андоновски, каде изјави дека охридскиот тим достојно ќе се претстави во Купот на Македонија.
“Во сабота не очекува натпревар од Купот против актуелниот македонски шампион Вардар и тоа на гостински терен. Вардар е голем фаворит, но ако ја повториме играта од последниот натпревар кој го игравме со Вардар на домашен терен, се надевам дека и ние ќе имаме свои шанси и дека достојно ќе се претставиме”, – изјави Крсте Андоновски.
(фото – ГРК Охрид)📷