Екипата на Куманово во последните секунди се спасуваше од екипата на Гевгелија, откако славеше минимално со 22-21 во Женската Супер лига.
Гевгелија натпреварот го започна со водство, па на полувреме обезбеди предност од 13-10. Во второто полувреме Гевгелија продолжи исто како во првото полувреме, но на крај во последните секунди тимот на Куманово успеа да погоди за победа во Женската Супер лига.
Најефикасна во тимот на Куманово беше Андреза Алмеида со девет гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Ленче Илкова со шест гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷