Ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа против тимот на Гевгелија со резултат 43-15 во Женската Супер лига.
Составот од Куманово и на полувреме имаше висока предност од 26-5. Во второто полувреме Куманово продолжи да го полни голот на Гевгелија, па на крај да слави висока победа.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Сара Цветановска со десет гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Елена Димова со шест гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷