Кумановки убедливи против Пелистер

Екипата на Куманово запиша победа против екипата на Пелистер на домашен терен со убедливи 34-16 во 3. коло од плеј-офот во Супер лигата.

Куманово во текот на првото полувреме го имаше водството, и на полувреме замина со предност од 14-9. Во вториот дел Куманово ја направи голема разликата против Пелистер за на крај да слави убедлива победа.

Најефикасна во екипата на Куманово беше Алмеида Коста Андреза со шест погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Марија Јанкуловска со четири погодоци.

(фото-ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести