Ракометарките на Куманово забележаа победа на гостувањето во Струга кај екипата на Стружанка со убедливи 28-20 во плеј-офот во Супер лигата.
Од почетокот на натпреварот Куманово го презеде водството, и на полувреме замина со предност од 15-11. Во второто полувреме продолжи добрата игра на кумановки за на крај да забележат победа против Стружанка.
Најдобар стрелец во екипата на Куманово беше Јована Кипријановска со осум погодоци, додека кај екипата на Стружанка најдобар стрелец беше Магдалена Делиоска со седум погодоци.
(фото-ЖРК Куманово)📷