Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Шампион со конечен резултат од 34-9.
Шампион до полувремето успеа да постигне само пет гола, кое гласеше со резултат 17-5. Во второто полувреме Куманово ја зголеми предноста, а Шампион даде само уште четири гола.
Најефикасна во тимот на Куманово беше Адела Еленин со 9 гола, додека кај екипата на Шампион најефикасни беа Анастасија Ѓорѓиева, Ивана Стојмановска, Марија Бојковска и Ана Ристевска постигнаа по два погодоци.
(фото – ЖРК Куманово)📷