Куманово ги освои бодовите против Пелистер

Екипата на Куманово забележа победа на гостувањето во Битола кај екипата на Пелистер со резултат 32-28.

Тимот на Пелистер беше рамноправен во текот на целиот натпревар, но пресуди искуството на Куманово.

Најефикасни во тимот на Куманово беа Габриела Величковска и Андреза Алмеида со по десет гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Мари Франсоа со девет гола.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.