Екипата на Куманово ги освои бодовите на гостувањето кај екипата на Фруитленд Борец, откако триумфираше со конечни 30-25 во Супер лигата.
Иако Куманово на полувреме имаше минимална предност од 13-12, сепак во второто полувреме имаше подобра игра и успеа да слави победа против Фруитленд Борец.
Најефикасен во тимот на Куманово беше Давид Димевски со 12 погодоци, додека кај Фруитленд Борец најефикасни беа Тоше Ончев и Ивица Илиев со по 6 погодоци.
(фото – МРК Куманово)📷