Машкиот ракометен клуб на Куманово ги започна официјалнo подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Под водство на новиот тренер Аце Станковски, кумановскиот прволигаш во исклучително изедначената и квалитетна македонска ракометна Супер лига оваа сезона ќе се обиде да избори пласман во најдобрите шест екипи кои ќе ја продолжат битката за шампионската титула и што подобар пласман на табелата.
Костурот од минатата сезона е задржан, а ангажирани се квалитетни засилувања со кои оваа година тимот ќе се обиде да направи исчекор напред во однос на минатата сезона.
Подготовките до стартот на сезоната ќе се одвиваат во Куманово, а исто така како дел од подготвителниот период се планирани и неколку пријателски средби за што подобро воигрување на тимот.
(фото – МРК Куманово)📷