Куманово го преслуша Шампион во Женската Супер лига

Екипата на Куманово забележа убедлива победа против составот на Шампион со резултат 36-24 во натпревар од Женската Супер лига.

Ракометарките на Куманово уште од почетокот на натпреварот го имаа водството, па на пауза заминаа со предност од 17-10. Во второто полувреме Куманово ја завери победата против Шампион.

Најефикасна кај екипата на Куманово беше Алмеида Коста Андреза со 13 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Сара Трајков со шест погодоци.

(фото-ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.