Ракометарите на Куманово забележаа победа на гостувањето кај екипата на Драчево со 30-35 во плеј-офот во Првата лига.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па така на полувреме двете екипи заминаа со нерешен резултат од 12-12. Во вториот дел Куманово со добра одбрана и добар напад успеа да слави победа на гости кај Драчево.
Најдобар стрелец во екипата на Куманово беше Влатко Тасевски со 11 погодоци, додека кај екипата на Драчево најдобар стрелец беше Димитар Петковски со седум погодоци.
(фото-МРК Куманово)📷