Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Младост Богданци со конечни 29-25 во Купот на Македонија.
Иако составот на Младост Богданци парираше во текот на целиот натпревар, сепак Куманово триумфираше на крај.
Најефикасни во редовите на Куманово беа Христијан Вујичевски и Тоше Ончев со по седум гола, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Лазар Адамовиќ исто така со седум гола.
(фото – МРК Куманово)📷








