Ракометарките на Куманово остварија победа против Пелистер со убедливи 42-15 во полуфиналето во Купот на Македонија и обезбедија пласман во финалето.
Од почетокот на натпреварот се знаеше кој е фаворит на натпреварот кога Куманово на полувреме имаше висока предност од 21-8. Во вториот дел Куманово ја зголеми разликата и забележа убедлива победа против Пелистер.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Амела Џакмиќ со девет гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Кристина Наумовска со четири гола.
(фото-ЖРК Куманово)📷