Ракометарките на Куманово забележаа победа против ракометарките на Металург со 26-22 во плеј-офот во Женската Супер лига.
Во првото полувреме Металург имаше водство, па на пауза замина со 13-10. Во второто полувреме Куманово направи пресврт и на крај дојде до победа против Металург.
Најефикасна во таборот на Куманово беше Алмеида Коста Андреза со 10 голови, додека во таборот на Металург најефикасна беше Мила Трајковиќ со 9 голови.
(фото – ЖРК Куманово)📷