Екипата на Куманово им се врати на победите во плеј-офот во Првата лига, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Јехона со 30-27.
Куманово добро го започна натпреварот, и на пауза замина со предност од 15-9. Во второто полувреме Кумановци продолжија со добрата игра за на крај да слават победа против Јехона.
Најефикасен во составот на Куманово беше Јован Даневски со осум погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Стефан Бошкоски исто така со осум погодоци.
(фото-МРК Куманово)📷