Ракометарките на Куманово забележаа сигурна победа против екипата на Шампион со високи 32-19 во Женската Супер лига.
Тимот на Куманово од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Шампион.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Јана Ѓошевска со 12 гола, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Ангела Петровска со девет гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷