Куманово загуби од Раховец на пријателски натпревар

Куманово во рамките на подготвителниот период во пресрет на новата натпреварувачка сезона ја одигра првата пријателска средба во серијата натпревари кои ќе ги одигра пред стартот на машкото ракометно првенство .

На домашен терен во спортската сала на Средното економско училиште ” Перо Наков”, избраниците на тренерот Љубиша Димковски беа поразени од шампионот на Косово тимот на Раховец со резултат од 34-28, полувреме 19-15 во корист на гостинската екипа.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *