Куманово запиша победа против Радовиш

Ракометарите на Куманово запишаа победа против екипата на Радовиш со конечни 34-27 во натпревар од 11. коло во плеј-аутот од Супер лигата.

Радовиш започна со водство, но Куманов израмни и на полувреме замина со предност од 16-10. Во второто полувреме Куманово продолжи со добрата игра, за на крај да се радува на триумф против Радовиш.

Најефикасен во тимот на Куманово беше Владан Кастратовиќ со девет гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасни беа Филип Трајанов и Александар Марков со по шест гола.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести