Екипата на Куманово забележа висока победа против екипата на Астраион со убедливи 35-18 и се пласира во наредната фаза од Купот на Македонија.
Составот на Куманово уште на полувреме имаше високи 18-9, па така очекуван беше триумфот против Астраион.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Иван Димитров со 11 гола, додека кај Астраион најефикасен беше Кире Георгиев со седум гола.
(фото – МРК Куманово)📷