Екипата на Куманово забележа висока победа против екипата на Гевгелија со конечни 37-20 во Женската Супер лига.
Составот на Куманово победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза замина со високи 22-6.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Сара Цветановска со 13 гола, додека кај Гевгелија најефикасна беше Елена Димова со 9 гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷