Екипата на Куманово официјално од вчера ги започна подготовките во пресрет на вториот дел од сезоната.
Тимот на Куманово влегува амбициозно се со цел да се обезбеди што подобра позиција во пресрет на плеј-аут лигата, каде главна цел е да се обезбеди опстанок оваа сезона.
На првиот тренинг тренерот на Куманово ги имаше сите ракометари на располагање, освен бразилските интернационалци кои треба да пристигнат до крајот на наредната недела.
(фото – МРК Куманово)📷