Екипата на Куманово забележа победа на гостувањето кај екипата на Радовиш со минимални 26-25 во плеј-аутот од Супер лигата.
Иако во текот на целиот натпревар беше неизвесно, тимот на Радовиш на неколку секунди до крајот не погоди за реми, па Куманово славеше победа.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Давид Димевски со девет гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасни беа Игор Чеселиов и Славе Јанковски со по шест гола.
(фото – МРК Куманово)📷