Ракометарките на Куманово остварија победа против ракометарките на Астибо со резултат 25-19 во 2. коло од Женската Супер лига.
Иако тимот на Астибо парираше во текот на целиот натпревар, сепак на крај Куманово забележа победа.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Росана Павлова со седум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 11 гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷