Составот на Куманово забележа победа на домашен терен против екипата на Гевгелија со конечни 29-23 во натпревар од Суперлигата.
Кумановки беа перфектни во првото полувреме, и на полувреме имаа водство од 17-8. Во вториот дел од натпреварот Куманово лесно стигна до нови бодови во Суперлигата, со лесен триумф над Гевгелија од 29-23.
Најефикасна во тимот на Куманово беше Сара Цветановска со шест погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Драгица Митрова со седум погодоци.
ЖРК Куманово 29-23 ЖРК Гевгелија
(фото-ЖРК Куманово)📷