Тимот на Куманово забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечен резултат од 29-23 во плеј-аутот од Супер лигата.
Куманово имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, па така триумфираше против Еурофарм Пелистер 2.
Црвени картони заработија ракометарите Алекса Радичевиќ од Куманово и Иван Димитровски од Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Огњен Радојиќиќ со осум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Алем Хаџиќ со пет гола.
(фото – МРК Куманово)📷