Ракометарките на Куманово забележаа победа против екипата на Пелистер со конечен резултат од 29-26 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Куманово и на полувреме имаше водство од 15-8, па така во второто полувреме стигна до победа против Пелистер.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Мила Трајковиќ со седум гола, додека кај Пелистер најефикасни беа Моника Босилковска и Наталија Дишковска со по шест гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷