Ракометарите на Куманово ја остварија првата сезонска победа во Супер лигата, откако на домашен терен беа подобри од ракометарите на Струга со резултат 35-18.
Составот на Куманово добро го започна натпреварот со водство, до полувремето тимот имаше предност од 17-9.
Во второто полувреме беше заверена високата и убедливата победа против екипата на Струга.
Најефикасен во тимот на Куманово беше Винициус со десет голови, додека кај Струга најефикасен беше Немања Џигероски со пет голови.
(фото – МРК Куманово)📷