Ракометарите на Куманово ја совладаа екипата на Младост 1977 Богданци со конечни 29-18 во плеј-офот во Првата лига.
Екипата на Куманово имаше контрола на резултатот во првото полувреме, и на полувреме замина со предност од 13-8. Во второто полувреме исто Куманово имаше контрола на резултатот за на крај да слави со висока разлика против Младост 1977 Богданци.
Најдобар стрелец во составот на Куманово беше Влатко Тасевски со пет погодоци, додека најдобар стрелец во составот на Младост 1977 Богданци беше Стојан Наумовски со четири погодоци.
(фото-МРК Куманово)📷