Куманово преку Пелистер до пласман на Ф4 турнирот во Купот

Екипата на Куманово во финалето од четвртфиналната група 4 го совлада тимот на Пелистер со резултат 32-27.

Пелистер добро го започна натпреварот, и на полувреме имаше водство од 19-14. Во второто полувреме екипата на Куманово успеа да направи пресврт, па на крај да триумфира против Пелистер.

Најефикасна во тимот на Куманово беше Пена Граматова со 11 погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Мари Франсоа со 7 погодоци.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.