Куманово продолжува со победите во плеј-аутот, триумф против Скопје 2020

Ракометарите на Куманово забележаа победа против Скопје 2020 на домашен терен со конечни 33-25 во плеј-аутот од Супер лигата.

Кумановци на полувреме имаа висока предност од 18-10. Второто полувреме беше само формалност тимот на Куманово да ја завери победата против Скопје 2020.

Најефикасен во тимот на Куманово беше Владан Кастратовиќ со седум гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Дамјан Јакимовски со десет гола.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.