Екипата на Куманово продолжува со победите во Супер лигата, откако ја совлада екипата на Скопје со високи 45-27.
Куманово ја зголемуваше предноста од почетокот на натпреварот, на полувреме замина со предност од 24-13. Во второто полувреме Куманово продолжи со исто темпо како во првото полувреме.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Андреза Алмеида со 11 гола, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Јасмина Попова со осум гола.
(фото-ЖРК Куманово)📷