Ракометарките на Куманово дојдоа до прва победа во Женската Супер лига, откако го совладаа тимот на Гевгелија со убедливи 43-19.
Куманово беше фаворит на овој натпревар, кога на полувреме имаше предност од 24-9. Во второто полувреме Куманово ја оправда фаворитската улога против Гевгелија.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Андреза Алмеида со 16 погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Мери Гичева со шест гола.
(фото-ЖРК Куманово)📷