Екипата на Куманово го совлада тимот на Голден Арт 2 со резултат 24-21, и го завери осминафиналето во Купот на Македонија.
Тимот на Куманово од почетокот го презеде водството, па така до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Голден Арт 2.
Најефикасен во тимот на Куманово беше Вучко Мрвовиќ со 16 гола, додека кај екипата на Голден Арт 2 најефикасен беше Андреј Божиновски со 7 гола.
(фото – МРК Куманово)📷