Женскиот тим на Куманово продолжува да се засилува за новата сезона во Женската Супер лига.
Куманово се засили со голманката Симона Грујовска која доаѓа од составот на Вардар. Грујовска долги години беше во тимот на Вардар, а во 2019 година таа беше прогласена за МВП во вардаровиот дрес на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

(фото – ЖРК Куманово)📷