Куманово се засили со десниот бек Никола Бечејац!

Екипата на Куманово во продолжението од сезоната во Супер лигата, ќе игра во плеј-аутот и ќе се бори за опстанок, во своите редови го донесе првото засилување.

Станува збор за десниот бек Никола Бечејац, кој има 26 години, и висок е 190цм. Тој потекнува од Нови Сад, и има настапувано за Пролетер Зрењанин, Југовиќ Каќ, Рудар Костолац, Искра Бугојно, Босна Високо.

Никола Бечејац во својата кариера има и интернационално искуство бидејќи има настапувано во екипите на Нортхајмер од Германија и Хапоел Кирјат Оно од Израел.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести