Куманово се пласираше во финалето од Купот, откако Металург се откажа

Составот на Металург нема да игра на Ф4 турнирот во Купот на Македонија и нема да го брани трофејот што лани го освои.

Екипата на Металург поради финански проблеми го откажа настапот во Купот, па така екипата на Куманово директно се пласираше во финалето.

Противник на Куманово ќе биде победникот од полуфиналниот натпревар помеѓу Вардар и Ѓорче Петров.

(фото – ЖРК Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.