Ракометарките на Куманово забележаа победа на гостувањето во Струга, кај екипата на Стружанка со резултат 29-16.
Во првото полувреме Стружанка даваше отпор, но на пауза Куманово замина со предност од 12-11. Во второто полувреме Куманово направи голема разлика, па на крај успеа да слави против Стружанка.
Најефикасна во тимот на Куманово беше Алмеида Коста Андреза со осум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Ивана Затуроска со шест гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷