Екипата на Куманово забележа победа на гостувањето кај екипата на Радовиш со конечни 28-24 во натпревар од плеј-аутот од Супер лигата.
Иако составот на Радовиш парираше во текот на целиот натпревар, сепак Куманово со добра игра стигна до триумф.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Тоше Ончев со осум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Васе Петров со пет гола.
(фото – МРК Куманово)📷








