Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Стружанка со 28-19 во натпревар од Женската Супер лига.
Кумановки имаа контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, па се радуваа на победа против Стружанка.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Габриела Величковска со десет гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасни беа Теодора Маркоска и Бојана Јованоска со по четири гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷